Powered By Blogger

понеделник, 13 февруари 2012 г.

Што значи -ACTA- и што ќе се случи доколу таа биде изгласана ?! Информирајте се додека не е доцна .....


АКТА (ACTA – Anti Counterfeiting Trade Agreement) е меѓународен договор чии преговори се одвиваа(т) во тајност, и кој има наведена цел да се бори против нарушување на правата од интелектуална сопственост. АКТА е последниот од серијата документи (SOPA, PIPA) донесени во фокус во последниот период кои се воведуваат со „добронамерни“ цели за стимулација на економскиот развој и „заштита на авторите“ на интелектуалните творби, но во својата суштина е договор со сериозни недостатоци, кои намерно или не навлегуваат во и рушат низа човекови права и правни принципи.....
Малкумина всушност сфаќаат што е всушност „АСТА“ и каква опасност претставува тој договор.Тоа не е случајност. „АСТА“ е конципирана така за да биде многу нејасна и е договорена во тајност,со цел граѓаните да не сфатат како е осмислена и e со цел елиминација на основните човекови права. 
Но, малку поинаквата интерпретација (онаа од која што се плашиме сите ние), ја претвора „АСТА“ во интернетски „Killswitch“ т.е. цензура на целата мрежа.„Најголемата лага која некогаш е изговорена е дека секоја земја која ќе го ратификува договорот „АСТА“ ќе може сама да бира како ќе ги интерпретира одредбите од договорот“-порачуваат групата Анонимус. 
Од тоа стравува и Дејвид Маер, автор на ЗДНет,кој веќе подолго време го следи развојот на „АСТА“. Како прво, Маер истакнува дека „АСТА“ сè уште никаде нема законска тежина.ЗА да дојде до тоа, државите кои го потпишале тој договор мора пред сè да го ратификуваат во своите парламенти.За подрачјето на ЕУ тоа ќе го направи Европскиот парламент.Маер предупредува дека „АСТА“ предвидува затворски казни и парични казни за сите кои ќе се впуштат во пиратска дејност, како и за тие кои им помагаат во тоа.Посебно е проблематичен чл. 27 од овој договор,во кој стои дека ќе се санкционира секоја поголема дистрибуција на производи заштитени со авторски права.

„Дистрибуција на податоци и информации е основна карактеристика на интернетот“ - предупредува Маер.Во пракса, тоа може да се протолкува на следниот начин: ако сте поставиле песна која не ви припаѓа на ЈуТјуб, значи сте го прекршиле законот.Ако сте поставиле слика која не ви припаѓа на Фејсбук,сте го прекршиле законот.Апсурдот не застанува само на тоа.Со ратификацијата на „АСТА“ казнено дело станува дури и дистрибуција на легална технологија која може да се користи за пиратерија.
Последната пречка на патот на „АСТА“, е Европскиот парламент кој за ратификацијата на „АСТА“ ќе расправа во јуни оваа година.Ако Европскиот парламент го ратификува „АСТА“, ќе биде крај на светот каков што го познаваме.Нашите слободи полека ќе исчезнуваат.Вашиот интернет постепено ќе се претвора во контролиран,цензуриран канал преку кој ќе ви биде достапна само содржина продуцирана од страна на неколку компании.
Искрено,гледам спас во анонимната хакерската група која што се нарекува -Anonymous- ....Тие самите изјавија дека тие ќе започнат војна со тие кои што сакаат да го цензурираат интернетот,затоа што ACTA e декларација на војна против секој човек,жена и дете на планетава ... Доколку биде изгласана ние ќе бидеме вратени наназад стотици години,каде што ќе треба да црпиме информации од телевизиите и сл.медиуми (за кои знаеме и самите колку тие се точни,и колку може да не информираат).... 

„АСТА е декларација на војна против секој човек, жена и дете на планетата. Ако сте политичар и го браните АСТА, виновни сте за предавство на највисоко ниво и така ќе ве третираме. Ќе го победиме договорот АСТА. Нема да не замолчите. Ќе излеземе на улиците. Ќе ги заземеме своите влади. Ние сме Анонимус. Ние сме легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не“.


Ако сте заедно со мене,и сте против АCTA тогаш споделете го ова за да луѓето дознаат што значи ACTA и што ќе се случи доколку таа биде изгласана .... КАЖЕТЕ НЕ ЗА -ACTA-  и придружете се на оваа фејсбук страница ----> http://www.facebook.com/pages/Occupy-Skopje-%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%A1%D0%9E%D0%9F%D0%90-%D0%9F%D0%98%D0%9F%D0%90-%D0%B8-%D0%90%D0%9A%D0%A2%D0%90/275258365870527?sk=wall&filter=1

четврток, 9 февруари 2012 г.

Стереотипот за приватните факултети - ТОТАЛНО ПОГРЕШЕН

Повеќето луѓе денес,без разлика дали се студенти или веќе вработени лица,приватните факултети ги сметаат за места во кои што богатите родители ги праќаат своите деца колку да не седат дома и да завршат факултет ... Дипломата ја сметаат како платен лист хартија со потпис,и веќе добиен од 1вата година на запишување на студентот ... Приватните универзитети ги сметаат како установи во кои наводно студирале лица со недостаток на IQ а со вишок на пари ... Јас ова го најдов крајно навредливо,па решив да напишам и да пробам да појаснам некои работи ....... 

Прво,јас сум студент на Европскиот универзитет а не сум богато дете,ниту пак имам недостаток на IQ ... Сум како и сите нормални луѓе (фала богу) и ништо не сум подобар од студентите на државниот факултет,па ниту они се подобри од мене.За да ги платам студиите,моите работат државно (значи НЕМАМ приватна фирма) и благодарение на акциите на дедо ми кој е во пензија јас се запишав на Европскиот универзитет.Доколку тие акции ги немаше,тогаш сигурно немаше да учам на тој факултет,затоа што со две плати (едната 250 евра,втората 150) нема шанси да се исплатат студиите ... Ова НЕ ме прави мене богаташ,и студирањето на овој факултет НЕ ме прави ништо подобар за разлика од другите студенти на другите факултети .... 

Друга работа,освен мене,знам и тон други мои колеги кои што НЕ се со недостаток на IQ ... Баш напротив,запознаен сум со студенти(мои колеги) кои што имаат IQ дури и повеќе од потребното.Сакам да кажам дека,тој стереотип дека студентите кои студираат на приватните универзитети се ретардирани,и дека се им е платено,немора да се појавуваат на испити затоа што им се положени и сл. е ЧИСТА ГЛУПОСТ . 

Можат да потврдат и други мои колеги дека не е толку лесно како што сите мислат.Како и сите други студенти на другите факултети,и ние исто така имаме за учење,можеби не во толкав обем,но сигурно не поминуваме без ништо научено,и сигурно НЕ поминуваме со непојавување на испит/колоквиум ...  

Има и случаеви со кои сум лично запознаен во кои и некои од фирмите не примаат на своите работни места студенти од Европски,токму поради истата работа(на нас се ни е платено,и сме необразовани).Жалното е што дури и несака да те прими на интервју за работното место,а незнае тој дека можеби токму тој студент од Европски е 100 пати повеќе образован и повеќе запознаен со работното место кое се нуди,од кандидатот од државниот факултет .... Ова го гледам како една класична дискриминација,која треба да се сопре!

Разликата помеѓу државен и приватен факултет е тоа што професорите и асистентите не се однесуваат како морони кон своите студенти,што е случај во повеќето државни факултети.Имам пријатели кои што паѓаат на испит заради 0.5 бода помалку на испит...Па дали е тоа во ред ?! Секако дека не е,и во никој случај не е прифатливо да буткаш студент кој што се мачел да научи за да го задоволи степенот на професорот,за 0.5 бода .... Нормално,поскап е од државниот факултет,но ќе речам дека ако сакаш да не се однесуваат спрема тебе како ѓубре,и твојот труд да се цени (без разлика дали е голем или не),тогаш од таа гледна точка е во ред ....  

Ми здодеа од слушање и читање на муабети од типот дека ние сме необразовани и сл...А пак,многу е иронично што токму тие муабети ги прават ама стварно необразовани говеда,кои што имаат по 30 години и сеуште се 2-ра година на факултетот на кој што студираат..... 

Не дека го бранам и фалам факултетот,и го споредувам по квалитет со другите факултети,целта ми е да на некој начин објаснам и расчистам некои стереотипи за студентите,професорите и приватните универзитети,кои што според мене се глупави муабети кои што се создадени од уште толку поглупи луѓе ....

понеделник, 6 февруари 2012 г.

Снегот не изненади,не сме ние криви!Ах снегу,снегу низаеден.....

За почеток да намоменам дека постов не е со НИКАКВА ПАРТИСКА ИЛИ ПОЛИТИЧКА ПОЗАДИНА,ова е лично мое мислење како дел од ова опшество,како граѓанин,во кое верувам дека ќе се согласат многу луѓе со мене ....

Медиумите се преполни со наслови како : СНЕГОТ НЕ ИЗНЕНАДИ ! Е сега,едно не ми е јасно.......КАКО МОЖЕ СНЕГ ДА ТЕ ИЗНЕНАДИ ВО ГРАД КАДЕ ШТО СЕКОЈА ЗИМА ВРНЕ СНЕГ,ПОРАДИ ТОА ШТО Е ЗИМА ТАКА ?! Да,може да ги изненади во пустината Сахара,каде што температурата изнесува цела година +40с.Тие се изненадија таму,затоа што не знаеа што паѓа од небото,мислеле дека е кокаин па шмркале ... Е тоа е изненадување,ДА ТИ ЗАВРНЕ СНЕГ ВО ПУСТИНА !

Во нашиот град Скопје,сите се изненадени од снегот...Цела власт е изненадена од неговото појавување ... Ах снегу,снегу...Ти си крив ! Немој така да ги изненадуваш,може срце да ги стегне ако е многу добро смислено изненадувањето.....


Снегот е крив за нечистите улици,снегот е крив за сите сообраќајки и настраданите во истите,снегот е крив за скршениците на луѓето,и снегот е можеби крив за тоа што луѓе гладуваат и едвај крпат крај со крај за да го поминат месецот со корка леб...Да.можно е....

Каде се машините за чистење на снегот ? Во кој век живееме бре луѓе ? Зошто сеуште главните улици се ПРЕНАТРУПАНИ со снег ? Зошто кај мене во маало се собираат луѓе да ги чистат улиците на -8 со лопати ?! Каде е сега господинот кој на кој што лопатата му е најдобар пријател ? Сегде ја носеше со него,фрлаше насекаде малтер и сл....Сигурно се скарани нешто,ама ќе се смират верувам дека набрзо...Епа ајде коа ќе се смирите ДОЈДИ ДА МИ ЈА ИСЧИСТИШ УЛИЦАТА !!!! Па поради некои луѓе што си ги топлат задниците во фотељите во нивните канцеларии,и не сакаат да мрднат со прстот за да превземат нешто во врска со тоа,го имаме одговорот на сите тие поставени прашања.Дали снегот е крив? Изгледа после се,не бил снегот крив....КРИВИ се луѓето кои ги споменав погоре! Колку треба да е тешко да кренеш телефонска слушалка,да завртиш број и да пратиш служби за расчистување на снегот барем по главните улици ? Сигурно е мнооооогу тешко нели ? Да,сигурно......А да ве видам да работите за 6.000ден.на кров од некоја зграда на ова време,или да работите во ресторан каде што луѓето работат за 9.000 ден. а работното време им изнесува 10-11 часа,имаат еден ден слободен во неделата,и ги тераат да работат без никакво греење во нивните простории (ЗА ОВА ЌЕ НАПИШАМ НОВ ПОСТ) !!!! Дали тогаш работата ќе ви биде полесна,бе гниди ниедни..... Сакате Скопје метропола да го правите,правите споменици,а ќе падне 5цм.снег и поради тоа што некој спиел во неговиот топол дом,не се погрижил за неговото чистење и притоа го наоѓам КРИВЕЦ за сите тие сообраќајки,повредени луѓе и сл.СРАМОТА ! Со еден еден збор СРАМОТА ! А знаат да дремат како морони во парламентот и да си ги покачуваат платите за 5% ... Нивното 5% е 100 евра ! Некој толку не зема плата,а се убива од работа !

Ќе ми речат,немој така,Скопје го направија по лично,направија споменици,сали итн итн.Имам едноставен одговор на ова,добро,се е тоа во ред но дали спомениците и салите се јадат ? Дали салите и спомениците ќе им донесат поголеми плати на работиниците кои што се мачат,и кон кои работодавците се однесуваат како робови ? НЕ ! Никој и ништо не гледа за народот,гледаат само да си го напунат џебот со пари,кои ги заработиле СКОПСКИТЕ РОБОВИ !

АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ : Станете од таа фотеља која што сигурно е искината од тетеравење на неа,и ако немате машини за чистење на снегот земете ги лопатите и како што знаете да истурате малтер во камен темелници,и сегде да ја носите со вас,СЕГА ДОЈДЕТЕ ДА РИНЕТЕ СНЕГ ! 

недела, 5 февруари 2012 г.

КАДЕ ШТО ИМА СИЛА,НЕМА ПРАВДИНА !

Иако секој ден  сите ние сме сведоци на големи неправди,ретко кога решаваме да превземеме нешто. Менталитетот  на скромното македонче кое што со векови било тортурирано и угнетувано,најверојатно како еволуирало како народ така и сфатило дека најдобро ќе опстои ако молчи и прави точно онака како што ке му се каже.Или,народски кажано овци,кај ке ги тераш таму ке одат (чест на исклучоците секако).На старт морам да посочам дека текстов нема никаква партиска позадина и дека тоа што не се согласувам со одредени личности,настани или закони не ме прави опозиција.Па добро бе луѓе,што треба да ни се случи во државава за да сфатиме дека ова нигде не води,кој што сака си праи,сите газди сме. Народов отупува,главна тема на разговор се парите,колите,гардеробата од Солун, која сама по себе незначи ништо( затоа што тие што одат таму купуваат на намаление по цени горе доле исти како во Шутка),но комплексот дека мора да биде од негде oд страна и брендирана за жал владее меѓу нашево население.

Да прејдам на главното да не речам да не го тупам,деновиве се слушаат гласини дека на  Гордана Деан Поп-Христова и нејзината група Ребис им е одземен просторот во ” Културниот дом- Коцо Рацин,затоа што така наречениот директор на горенаведеното сметал дека таа веќе не го заслужува,со образложение дека планирал да прави изложби од деца од основни школи. Па добро бре,Ребис е школа со традиција, дали знаете колку деца го поминуваат своето време таму трошејќи ја својата енергија и градејќи осет за култура и музика.Дали знае тој новопечен бизнисмен колку деца наместо на улица,го трошат своето време корисно,прават нешто со себе,не дремат по цел ден на компјутер.Дали има барем малку појма колку  деца  се насмеани и срекни после нивните концерти на кои што презентираат што работеле во текот на годината.Па што е повредно од тоа??Некоја изложба која ке се одржи еднаш и никогаш повеќе??Зарем е вредно да се одземе нешто што се градело со години,нешто во што е вложено многу време и знаење.Па кога ќе почне да им се вреднува трудот на луѓето кои навистина го заслужуваат тоа?

Јас сум сигурна дека госпоѓата Гордана ќе обезбеди простор и ќе  успее да го реши овој минорен проблем,минорен во споредба со проблемот во глава кој директорчето го има.Таа ја има  подршката од сите нас,луѓе кои што знаат и слушнале за нејзиниот лик и дело,луѓе кои знаат што таа прави всушност за општествово , кои не гледаат површно на работите и знаат да ценат.Сакам да верувам дека постојат сеуште добри луѓе што знаат да помогнат. А во меѓувреме, господине можете слободно да си ја задржите вашата посрана титула ДИРЕКТОР,во животот има многу поприоритетни работи од тоа.... 




                                                                                                                                   Напишано од : М.А

СЕРИИ - Ропството продолжува ! - Кажи НЕ на сериите !

Денес за да имаш успешен и гледан телевизиски канал,потребно ти е само да откупиш еднаТУРСКА СЕРИЈА . Без разлика дали е сапуница,дали е серијата со криминалци и сл.Значи жанрот не е битен,битно е да е ТУРСКА или пак ако начекате по можност ИНДИСКА СЕРИЈА ... Е тоа индиските серии ти се НАЈДЕБИЛНИ серии што може да се уснимат,дури подебилни и од турскиве(ќе ви кажам и зашто,но за тоа подолу)...
Застрашлив ефект имаат сериите врз луѓето кои ги гледаат истите.На пример серијата Долина на Волците,нивните верни гледачи толку се занесоа што МАСОВНО почнаа да купуваат капути како нивниот БОГ ПОЛАТ,да се снабдуваат со ладни и огнени оружја кои патем,не ги купуваа за дома да им стојат,туку за употреба.ДА,имаше многу случаи на прободување по школи,пукање со пиштоли по автобуси и сл...МНОГУ повеќе случаи од кога почна да се емитува Долина на Волците...Па сега,гледам на фејсбуков статуси од типот: КОГА ЌЕ ПОЧНЕ НОВАТА СЕЗОНАААААА,АЈДЕ ПОБРЗОООООО !!!! ............... Кој ви курац ?! Најдете си живот .....

А пак,индискиве серии ?! ... КАКО МОЖЕ МАЛЕЧКАТА НЕВЕСТА ДА ЈА УПУКААТ ВО ГЛАВА,т.е ВО ЧЕЛО И ПРИТОА ДА ПРЕЖИВЕЕ И ДА СИ ПРОДОЛЖИ НОРМАЛНО СО ЖИВОТОТ ?????????!!!!!!!! Не ми е јасно .... Дебили !
Се поголем е бројот на зависници,а и на МАЛТРЕТИРАНИ ! Значи излегуваат порано од работа,презакажуваат средби со роднини,пријатели и сл. за да можат на раат да си ја изгледаат серијата,а малтретираните (во случајов јас) ќе си трпат и ќе си ставаат перница на глава за да не слушаат СИНХРОНИЗИРАНИ срања,кои од сите телевизори ама буквално ЕЧАТ ! Кога ги има сериите,на три телевизори(вклучувајќи го и мојот)се гледаат серии,на едниот ЉУБОВ И КАЗНА,на вториот КАДЕ Е ЌЕРКА МИ,и на третиот ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ...А пак недај боже да ги прекинеш додека трае серијата ....... СЕ ЗДОБИВАШ СО ПОВРЕДА ИНСТАНТНО (најчесто по телото,зошто главата тешко се погодува,освен ако вашите родители се одлични стрелци).Прекин од твоја страна на серијата значи гаѓање накај тебе со секакви предмети кои им се на дофат : папуча,пепелник,чаша и сл...Но има и случаеви кога гледачот станува и ти мава ЗАУШКА и едноставно те праќа во соба ! 
Незнам како ги трпат,и како ги гледаат ... Самото синхронизирање звучи смешно,на нивниот јазик ако значело СЕА ЌЕ ТИ ЈА ЕБАМ МАМИЦАТА,ЌЕ ТЕ СКРШАМ ОД ЌОТЕК,на нашки го преведуваат СЕА ЌЕ ТЕ ПРАТАМ ПО ЃАВОЛИТЕ или СЕА ЌЕ ИЗВРШАМ СЕКСУАЛЕН ОДНОС СО МАЈКА ТИ,ЌЕ ТИ НАНЕСАМ ЗЛО ВРЗ ТВОЕТО ТЕЛО !!!! 
БОГ да чува .....  
Сега брзо се крена паника и за САВАШ .... Искрено,не знам кој е тој лик,и од која серија но што се изгледав на фејсбук беше страшно ! Напалени и напатени девојчиња пишуваа МАСОВНО статуси од типот : САВАШ ТЕ САКАМ ЗА МАЖ,А МАЈКА МИ ЗА ЉУБОВНИК...И татко и сигурно сака да му изврши HANDJOB на Саваш,но веројатно од возбуда го пропуштила ...... Ова девојче треба моментално да се отсрани од планетата Земја.Имаше и демотивации : КОГА ЌЕ БИДЕШ КАКО САВАШ,ЈАВИ МИ СE-Алооооооооооо каде со тој муабет.Ова си го лајкнуваа девојчиња кои што тешки ДЕБИЛКИ.
ФАКТ е дека иако сме биле 5 века под турско ропство,сега тоа продолжува.Луѓето се окупирани од турските серии.....КАЖИ НЕ НА СЕРИИТЕ !!!!!!!! :) 



Настрана од сево ова,за крај ви препорачувам да ја прочитате книгата -Јужно од границата,западно од сонцето- од Харуки Мураками.Ја немам дочитано,но до таму каде што стигнав,прекрасна е....Еве линк каде што можете да прочитате review на книгата ----> http://sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=439:%D1%98%D1%83%D0%B6%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%85%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D1%83%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B8&Itemid=61   

Благодарам за одвоеното време за да го прочитате ова,и се надевам книгата ќе ви се допадне .... Секое добро,и очекувајте во скоро време нов пост,и секако не заборавајте да ја споделите страницата со вашите пријатели ! :)