

Во нашиот град Скопје,сите се изненадени од снегот...Цела власт е изненадена од неговото појавување ... Ах снегу,снегу...Ти си крив ! Немој така да ги изненадуваш,може срце да ги стегне ако е многу добро смислено изненадувањето.....
Снегот е крив за нечистите улици,снегот е крив за сите сообраќајки и настраданите во истите,снегот е крив за скршениците на луѓето,и снегот е можеби крив за тоа што луѓе гладуваат и едвај крпат крај со крај за да го поминат месецот со корка леб...Да.можно е....
Каде се машините за чистење на снегот ? Во кој век живееме бре луѓе ? Зошто сеуште главните улици се ПРЕНАТРУПАНИ со снег ? Зошто кај мене во маало се собираат луѓе да ги чистат улиците на -8 со лопати ?! Каде е сега господинот кој на кој што лопатата му е најдобар пријател ? Сегде ја носеше со него,фрлаше насекаде малтер и сл....Сигурно се скарани нешто,ама ќе се смират верувам дека набрзо...Епа ајде коа ќе се смирите ДОЈДИ ДА МИ ЈА ИСЧИСТИШ УЛИЦАТА !!!! Па поради некои луѓе што си ги топлат задниците во фотељите во нивните канцеларии,и не сакаат да мрднат со прстот за да превземат нешто во врска со тоа,го имаме одговорот на сите тие поставени прашања.Дали снегот е крив? Изгледа после се,не бил снегот крив....КРИВИ се луѓето кои ги споменав погоре! Колку треба да е тешко да кренеш телефонска слушалка,да завртиш број и да пратиш служби за расчистување на снегот барем по главните улици ? Сигурно е мнооооогу тешко нели ? Да,сигурно......А да ве видам да работите за 6.000ден.на кров од некоја зграда на ова време,или да работите во ресторан каде што луѓето работат за 9.000 ден. а работното време им изнесува 10-11 часа,имаат еден ден слободен во неделата,и ги тераат да работат без никакво греење во нивните простории (ЗА ОВА ЌЕ НАПИШАМ НОВ ПОСТ) !!!! Дали тогаш работата ќе ви биде полесна,бе гниди ниедни..... Сакате Скопје метропола да го правите,правите споменици,а ќе падне 5цм.снег и поради тоа што некој спиел во неговиот топол дом,не се погрижил за неговото чистење и притоа го наоѓам КРИВЕЦ за сите тие сообраќајки,повредени луѓе и сл.СРАМОТА ! Со еден еден збор СРАМОТА ! А знаат да дремат како морони во парламентот и да си ги покачуваат платите за 5% ... Нивното 5% е 100 евра ! Некој толку не зема плата,а се убива од работа !
Ќе ми речат,немој така,Скопје го направија по лично,направија споменици,сали итн итн.Имам едноставен одговор на ова,добро,се е тоа во ред но дали спомениците и салите се јадат ? Дали салите и спомениците ќе им донесат поголеми плати на работиниците кои што се мачат,и кон кои работодавците се однесуваат како робови ? НЕ ! Никој и ништо не гледа за народот,гледаат само да си го напунат џебот со пари,кои ги заработиле СКОПСКИТЕ РОБОВИ !
АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ : Станете од таа фотеља која што сигурно е искината од тетеравење на неа,и ако немате машини за чистење на снегот земете ги лопатите и како што знаете да истурате малтер во камен темелници,и сегде да ја носите со вас,СЕГА ДОЈДЕТЕ ДА РИНЕТЕ СНЕГ !
Нема коментари:
Објави коментар