Иако секој ден сите ние сме сведоци на големи неправди,ретко кога решаваме да превземеме нешто. Менталитетот на скромното македонче кое што со векови било тортурирано и угнетувано,најверојатно како еволуирало како народ така и сфатило дека најдобро ќе опстои ако молчи и прави точно онака како што ке му се каже.Или,народски кажано овци,кај ке ги тераш таму ке одат (чест на исклучоците секако).На старт морам да посочам дека текстов нема никаква партиска позадина и дека тоа што не се согласувам со одредени личности,настани или “закони “ не ме прави опозиција.Па добро бе луѓе,што треба да ни се случи во државава за да сфатиме дека ова нигде не води,кој што сака си праи,сите газди сме. Народов отупува,главна тема на разговор се парите,колите,гардеробата од Солун, која сама по себе незначи ништо( затоа што тие што одат таму купуваат на намаление по цени горе доле исти како во Шутка),но комплексот дека мора да биде од негде oд страна и брендирана за жал владее меѓу нашево население.
Јас сум сигурна дека госпоѓата Гордана ќе обезбеди простор и ќе успее да го реши овој минорен проблем,минорен во споредба со проблемот во глава кој директорчето го има.Таа ја има подршката од сите нас,луѓе кои што знаат и слушнале за нејзиниот лик и дело,луѓе кои знаат што таа прави всушност за општествово , кои не гледаат површно на работите и знаат да ценат.Сакам да верувам дека постојат сеуште добри луѓе што знаат да помогнат. А во меѓувреме, господине можете слободно да си ја задржите вашата посрана титула ДИРЕКТОР,во животот има многу поприоритетни работи од тоа....
Напишано од : М.А
Напишано од : М.А
Нема коментари:
Објави коментар