Powered By Blogger

вторник, 10 април 2012 г.

Фреските во Св.Димитрија - божјо чудо или не ?

Деновиве сме сведоци на уште едно божјо чудо,фреските во црквата Св.Димитрија се чистат сами пред очите на многу посетители кои што ја посетија црквата изминативе 2-3 дена ... Што мислите,божјо чудо или не ?

Оваа случка е причината за МАСОВНАТА појава на дегенски коментари напишани од страна на уште подегенски луѓе неверници.
Изминативе 2-3 дена,се изначитав милион глупости изнапишани по социјалната мрежа Фејсбук.Значи,сеуште неможам да поверувам
дека воопшто постојат такви луѓе.Наидов на коментари од ваков тип :  Ај и мене Господ нека ми го исчисти станот,којзнае на што дрога се и свештениците а и народов,иконите на мојот компјутер сами се чистат - ЧУДО ! итн итн.
Другите видови на коментари несакам ни да ги спомнувам,затоа што едноставно сум згаден од
дегенеричноста на луѓето кои ме опкружуваат ....

Која е причината за вакво неверство ? Од каде толкава омраза према Господ не ми е јасно .... Едноставно сум вчудоневиден од коментарите,и ги читав сите одговори под нив за да видам до каде може да иде човековата глупост .... И верувајте дека иде мноогу далеку,нема граница ....

Прочитав една статија на еден блог од која што бев крајно вознемирен и вели вака : Опаметете се луѓе мои,фреските ги чистат со крпа и средство за чистење,и тие високите фрески ги чистат качени на скала.Не се секирајте за се има решение ...... Го прочитав само ова од статијата и се ми беше јасно,ширење на богохулие уште во првата реченица од статијата,а несакам ни да замислам што содржи понатаму.



Се чудам на паметот на луѓево и се прашувам дали воопшто го имаат ? Ме разочарале многу луѓе кои што сум ги сметал за попаметни....Идиотизмот навистина немал граници,сега се уверив.Зошто едноставно ако не веруваш,има потреба од ширење богохулие и објавување на такви невкусни коментари во јавноста ? Не ми е јасно,можеби го прават тоа за да бидат интересни и да се здобијат со некој лајк на Фејсбук а ? Се е можно кај нашиот народ .... Слушам муабети дека свештениците се тие кои ги чистеле за да собираат пари од луѓево.Значи БОГ ДА ЧУВА,и Господе зошто си створил толку глуп народ ?! Каков е тој муабет ? Дали стварно верувате дека свештениците го направиле тоа ? Кој би се осмелил да направи нешто такво ?Тие се СВЕШТЕНИЦИ,и за ваша информација тие се луѓе кои се заколнати на служење на Бога и црквата ... И уште нешто,БОЈАТА се обновува,НЕ се исчистени од прашина кретени едни ! Задржете си го тоа за себе и воздржете се од глупави коментари.Поштедете се самите,а верувајте дека ќе ги поштедите и луѓето околу вас .....

Нема коментари:

Објави коментар