Powered By Blogger

среда, 11 април 2012 г.

Еби влада и се околу неа !

Дали на сите ви е дојдено преку глава од сите манипулации,игри и што ли уште не на нашата влада и луѓето околу нив ? Ако да,тогаш сте на вистинското место.Да започнеме .....

Дали во последниве неколку години имате видено или пак чуено нешто добро,некоја добра цел на нашата влада ? Мислам дека одговорот е НЕ ! 
Сум дискутирал со многу луѓе на оваа тема,и сум чул многу нивни мислења,и ретко со некое да се согласам.Прво што ќе ми речат е : Е како нема ништо добро направено владата,погледни го само плоштадот каков е,се градат споменици заличе Скопјево .... Добро пријателе,сега јас да те прашам нешто.Спомениците и сите тие срања одоколу се јадат ли ? Можат ли тие да нахранат нечија фамилија ? Можат ли тие споменици да ти донесат тебе пари за да ја издржуваш твојата фамилија ? Одговорот на сите прашања е едноставен,НЕ ! Дали сте свесни колку пари се испрани преку тие споменици ? Сите тие пари завршуваат во нечив џеб.А бидете сигурни дека не е во вашиот,ниту пак мојот .... Дали некој обичен граѓанин видел корист од тие споменици ? Не мислам така ....... Се потрошија милиони евра за да се направи сето тоа.Со тие пари можеше да се отворат фабрики и да се вработат стотици луѓе кои што ќе ви бидат благодарни до крајот на животот затоа што сте им дале прилика да заработуваат,и да ја издржуваат својата фамилија......

Колку време немате чуено добра вест на дневните вести ? Или пак прочитано во дневните весници ? Јас од кога знам за себе,такво нешто немам чуено .... Ниту дека е подобрена состојбата во оваа смрдена држава,ниту ништо .... Посакувам да можев да набројам барем една работа.НИШТО не се менува ! НИШТО не функционира во државава ! Се оди на полошо ... Платите се претерано ниски,а трошоците претерано високи.Законот е за никаде,нит се почитува,нит го има.Состојбава денес наликува на Римското доба кога високата класа само живеат,а сите други под нив преживуваат и се мачат за корка леб.Така е и денес,смрдливите политичари си ги покачуваат платите за 20% (зошто така им текнало),а тоа нивно 20% е 200-300 евра,затоа што платата нивна е минимум 2.000 евра.А додека радниците кои што се во поголем број рмбачат за 200 евра ЦЕЛ МЕСЕЦ ! А да не збориме колку тешко ги заработуваат тие мочани 200 евра.Работодавци веќе нема,јас ги нарекувам робовладетели,затоа што се богатат на туѓа мака,измачувајќи ги нивните работници кои работат и се мачат да ја прехранат нивната фамилија.Срамота ! Имаат ли душа тие луѓе ? Зарем не гледаат како се мачат,не им паѓа ли жал ? Незнам што да кажам ....... Знам многу вакви случаеви,еден од нив и е мојата мајка која што работи во ресторан како : чистачка,готвачка,келнерка и што ли уште не,а сепак е вработена како ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ КУВАР. Работи по цели денови,а платата и е 200 евра(претходно беше 150 евра).Да не зборам за тоа дека ни плави картони и даваат,ни редовно плата исплаќаат.Дали е тоа во ред ? И нормално,газдите се врзани со власта и никој ништо не им може.Да ги пријавиш ќе леташ од работа,а него ништо нема да ми направат....Едини спас е да му отидам со палка и да го здрвам од ќотек да неможе да се освести долго време.

Вовеле визен режим,не требаат визи за одење во странство,потребно е само пасош .... Во ред,убаво од нивна страна но што правиме со другите работи кои што не спречуваат да излеземе од ова државиче?Како на пример:зелен картон,висока цена на регистрација,висока цена на бензин,и секако малата плата .... Зелен картон - 100 евра,регистрација 300 евра,цена на 1Л бензин 90 ден.плата 200 евра .... Вака,на овој начин можеме само ВО ПИЧКУ МАТЕР да одиме ! Зошто зелениот картон е 100 евра ? Во Србија е 5 евра,која е разликата ? Србија се во иста состојба како нас.Зошто регистрацијата е енормно голема ? Во Бугарија е 20 евра,со 200 евра регистрираат камиони.Во сите други земји трошоците им се помали,а платите МНОГУ поголеми.Ние сме најпаметни така ? Како после покрај овие цени,да се осмелиш да излезеш од државава ? За викенд во Грција ти требаат 200 евра.Порано со 200 евра,седиш една недела....Но тој филм,не го гледаме повеќе.....

За се го кривам народов.Македончето секогаш било такво,ќути си и трај си,нека те малтретираат...Се додека не се крене народов,да излезе пред влада и да запали све живо и диво,ништо нема од оваа држава.Народот не ја знае неговата вистинска моќ.Криво ми е што кога ќе дојдат избори сите се први уште во 8 часот таму на гласачките места,и покрај се што трпат.А да ги прашаш зашто е тоа така,нема да знаат да ти одговорат...За што да гласам ? Јас колку што знам,народот гласа за да се сменат работите,да тргнат на подобро,а вака ? Да гласам за ништо,за да се богатат неписмени копилиња ? Извини,ама не фала ! Следното гласање ќе го заокружам Спајдермен.






Не трујат со телевизиите и сите медиуми.Слободата на печатот им припаѓа на оние кои што го поседуваат печатот.Исто е и со телевизиите и сл.Како тогаш да знаеме што е вистина,а што не ?

Нема коментари:

Објави коментар