Powered By Blogger

четврток, 9 февруари 2012 г.

Стереотипот за приватните факултети - ТОТАЛНО ПОГРЕШЕН

Повеќето луѓе денес,без разлика дали се студенти или веќе вработени лица,приватните факултети ги сметаат за места во кои што богатите родители ги праќаат своите деца колку да не седат дома и да завршат факултет ... Дипломата ја сметаат како платен лист хартија со потпис,и веќе добиен од 1вата година на запишување на студентот ... Приватните универзитети ги сметаат како установи во кои наводно студирале лица со недостаток на IQ а со вишок на пари ... Јас ова го најдов крајно навредливо,па решив да напишам и да пробам да појаснам некои работи ....... 

Прво,јас сум студент на Европскиот универзитет а не сум богато дете,ниту пак имам недостаток на IQ ... Сум како и сите нормални луѓе (фала богу) и ништо не сум подобар од студентите на државниот факултет,па ниту они се подобри од мене.За да ги платам студиите,моите работат државно (значи НЕМАМ приватна фирма) и благодарение на акциите на дедо ми кој е во пензија јас се запишав на Европскиот универзитет.Доколку тие акции ги немаше,тогаш сигурно немаше да учам на тој факултет,затоа што со две плати (едната 250 евра,втората 150) нема шанси да се исплатат студиите ... Ова НЕ ме прави мене богаташ,и студирањето на овој факултет НЕ ме прави ништо подобар за разлика од другите студенти на другите факултети .... 

Друга работа,освен мене,знам и тон други мои колеги кои што НЕ се со недостаток на IQ ... Баш напротив,запознаен сум со студенти(мои колеги) кои што имаат IQ дури и повеќе од потребното.Сакам да кажам дека,тој стереотип дека студентите кои студираат на приватните универзитети се ретардирани,и дека се им е платено,немора да се појавуваат на испити затоа што им се положени и сл. е ЧИСТА ГЛУПОСТ . 

Можат да потврдат и други мои колеги дека не е толку лесно како што сите мислат.Како и сите други студенти на другите факултети,и ние исто така имаме за учење,можеби не во толкав обем,но сигурно не поминуваме без ништо научено,и сигурно НЕ поминуваме со непојавување на испит/колоквиум ...  

Има и случаеви со кои сум лично запознаен во кои и некои од фирмите не примаат на своите работни места студенти од Европски,токму поради истата работа(на нас се ни е платено,и сме необразовани).Жалното е што дури и несака да те прими на интервју за работното место,а незнае тој дека можеби токму тој студент од Европски е 100 пати повеќе образован и повеќе запознаен со работното место кое се нуди,од кандидатот од државниот факултет .... Ова го гледам како една класична дискриминација,која треба да се сопре!

Разликата помеѓу државен и приватен факултет е тоа што професорите и асистентите не се однесуваат како морони кон своите студенти,што е случај во повеќето државни факултети.Имам пријатели кои што паѓаат на испит заради 0.5 бода помалку на испит...Па дали е тоа во ред ?! Секако дека не е,и во никој случај не е прифатливо да буткаш студент кој што се мачел да научи за да го задоволи степенот на професорот,за 0.5 бода .... Нормално,поскап е од државниот факултет,но ќе речам дека ако сакаш да не се однесуваат спрема тебе како ѓубре,и твојот труд да се цени (без разлика дали е голем или не),тогаш од таа гледна точка е во ред ....  

Ми здодеа од слушање и читање на муабети од типот дека ние сме необразовани и сл...А пак,многу е иронично што токму тие муабети ги прават ама стварно необразовани говеда,кои што имаат по 30 години и сеуште се 2-ра година на факултетот на кој што студираат..... 

Не дека го бранам и фалам факултетот,и го споредувам по квалитет со другите факултети,целта ми е да на некој начин објаснам и расчистам некои стереотипи за студентите,професорите и приватните универзитети,кои што според мене се глупави муабети кои што се создадени од уште толку поглупи луѓе ....

Нема коментари:

Објави коментар