
АКТА (ACTA – Anti Counterfeiting Trade Agreement) е меѓународен договор чии преговори се одвиваа(т) во тајност, и кој има наведена цел да се бори против нарушување на правата од интелектуална сопственост. АКТА е последниот од серијата документи (SOPA, PIPA) донесени во фокус во последниот период кои се воведуваат со „добронамерни“ цели за стимулација на економскиот развој и „заштита на авторите“ на интелектуалните творби, но во својата суштина е договор со сериозни недостатоци, кои намерно или не навлегуваат во и рушат низа човекови права и правни принципи.....
Малкумина всушност сфаќаат што е всушност „АСТА“ и каква опасност претставува тој договор.Тоа не е случајност. „АСТА“ е конципирана така за да биде многу нејасна и е договорена во тајност,со цел граѓаните да не сфатат како е осмислена и e со цел елиминација на основните човекови права.
Но, малку поинаквата интерпретација (онаа од која што се плашиме сите ние), ја претвора „АСТА“ во интернетски „Killswitch“ т.е. цензура на целата мрежа.„Најголемата лага која некогаш е изговорена е дека секоја земја која ќе го ратификува договорот „АСТА“ ќе може сама да бира како ќе ги интерпретира одредбите од договорот“-порачуваат групата Анонимус.

„Дистрибуција на податоци и информации е основна карактеристика на интернетот“ - предупредува Маер.Во пракса, тоа може да се протолкува на следниот начин: ако сте поставиле песна која не ви припаѓа на ЈуТјуб, значи сте го прекршиле законот.Ако сте поставиле слика која не ви припаѓа на Фејсбук,сте го прекршиле законот.Апсурдот не застанува само на тоа.Со ратификацијата на „АСТА“ казнено дело станува дури и дистрибуција на легална технологија која може да се користи за пиратерија.
Последната пречка на патот на „АСТА“, е Европскиот парламент кој за ратификацијата на „АСТА“ ќе расправа во јуни оваа година.Ако Европскиот парламент го ратификува „АСТА“, ќе биде крај на светот каков што го познаваме.Нашите слободи полека ќе исчезнуваат.Вашиот интернет постепено ќе се претвора во контролиран,цензуриран канал преку кој ќе ви биде достапна само содржина продуцирана од страна на неколку компании.
Искрено,гледам спас во анонимната хакерската група која што се нарекува -Anonymous- ....Тие самите изјавија дека тие ќе започнат војна со тие кои што сакаат да го цензурираат интернетот,затоа што ACTA e декларација на војна против секој човек,жена и дете на планетава ... Доколку биде изгласана ние ќе бидеме вратени наназад стотици години,каде што ќе треба да црпиме информации од телевизиите и сл.медиуми (за кои знаеме и самите колку тие се точни,и колку може да не информираат)....
„АСТА е декларација на војна против секој човек, жена и дете на планетата. Ако сте политичар и го браните АСТА, виновни сте за предавство на највисоко ниво и така ќе ве третираме. Ќе го победиме договорот АСТА. Нема да не замолчите. Ќе излеземе на улиците. Ќе ги заземеме своите влади. Ние сме Анонимус. Ние сме легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не“.
Ако сте заедно со мене,и сте против АCTA тогаш споделете го ова за да луѓето дознаат што значи ACTA и што ќе се случи доколку таа биде изгласана .... КАЖЕТЕ НЕ ЗА -ACTA- и придружете се на оваа фејсбук страница ----> http://www.facebook.com/pages/Occupy-Skopje-%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%A1%D0%9E%D0%9F%D0%90-%D0%9F%D0%98%D0%9F%D0%90-%D0%B8-%D0%90%D0%9A%D0%A2%D0%90/275258365870527?sk=wall&filter=1
Нема коментари:
Објави коментар