Powered By Blogger

сабота, 10 декември 2011 г.

Новогодишната ноќ и нејзините различни доживувања

Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година.Римската нова година е на 1 март,а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.Новата година според Грегоријанскиот календар,кој денес е најкористен низ целиот свет,паѓа на 1 јануари,но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година....(Пробав да звучам паметно).Нова Година ко Нова Година.Формалност.Секојдневие.Обичен ден....НО секако зборам за мене...
Различните гледања и сфаќања за НОВА ГОДИНА подолу...

1. Како деца - Новата Година како мали сме ја гледале како едно несекојдневно доживување и сме ја чекале со нетрпеливост.Зошто?Се пукаат петарди,можеш да затекнеш огномет,китиш елка(и притоа се радуваш),ти доаѓаат дома роднини,пријатели и со тоа имаш прилика да им ги покажеш новите играчки,или пак да излезеш и да си играш надвор на снегот.Зашто НАЈМНОГУ се радуваш на снег,и секако на ПАКЕТЧИЊА...Да,пакетчињата се најважниот сегмент.Се радуваш на чоколадите,смоките,сокчињата,соленките,а пак ако има некоја играчка,сликовница,или пак ИГРИЦА ЗА НИНТЕНДО ти си најсреќното дете на планетава...Кога станува збор за Дедо Мраз,веруваш во него,татко ти излегува надвор (демек да земе туршија од гаража) и се пресоблака во Дедо Мраз (исто така во гаражата,барем кај мене така беше) :) Ти си седиш,и доаѓа татко ти -ДЕДО МРАЗ- и ти носи пакетче ! Дента пред тоа нели го прочитал ливчето што си го ставил под перница со желба што сакаш да ти донесе Дедо Мраз.Сеа некогаш неможе да ти се исполнат желбите зашто некои бараат ЕДНОРОГ,ФОРМУЛА,ПОНИ и сл.но нешто приближно тато ќе најде :).....
  •  00:00 !!!!!!! Моментот !!!! Не од Скипи и Тајзи-Моментот него МОМЕНТОТ што е долго очекуван за невиното детенце.Ќе излезе надвор со своите родители,заедно сите во прегратка,ќе фрлат потоа неколку петарди и тоа е доволно за да на детето му долови насмевка и донесе среќа....Прекрасна глетка и чуство така ? :) 
2. Тинејџери - Е тука веќе работите стануваат сериозни! Новогодишната ноќ-повод за да манијачат девојчиња од клас и повод за да останат ПОСЛЕ 12 часот...Нема трте-мрте што би се рекло на нашки...Тинејџерите и тинејџерките Новата Година ја сфаќаат МНОГУ сериозно и како МНОГУ битен настан на кој сите треба да изгледаат како принцези и принцови.Ај може ќе ги средат суратите за таа вечер ама што правиме утредента ? Принцезите се КОБИЛИ,а принцовите КОЊИ ! Не е битно,секој со својот сурат,да се навратиме на муабетот,односно да идеме нанапред со муабетот :) Нова година се слави нели колку што знам 2 дена(така се фаќа 31ви - 1ви).Епа тинејџерките Нова Година ја слават ЦЕЛ МЕСЕЦ ! Уште со завршетокот на летото,тие веќе се спремаат за Нова Година...Такви си седат на плажа,последен ден од одморот и иде муабет:Брат/пеер/ПЕР/другар/пријателе шо праиме за Нова Година ?! Дај да се договориме,неаме време ШО ОТКАЧУЕШ,уозбили се.Ќе останеме дома со нашите родители ако не се договориме уште од сега...УУУУ ЈЕЗИВО....Да славиш со твоите Нова Година???!!МА НЕДАЈ БОЖЕ пу пу ! .... Понежниот пол,госпоѓи ХОРМОНКИ се опседнати со тоа што ќе носат,и цел месец бараат облека за таа специјална вечер.Ај баталете тоа,но што правиме со СТАТУСИТЕ и ПЕСНИТЕ на фејсбук што веќе од почетокот на декември се вртат по мојата почетна страница,а верувам и на вашите...Песните од типот : ОВО ЧЕ БИТИ ДОБРА НОЧ ПРЕДОСЕЧАМ од калуѓерката Северина (чиј спот многу ми се допаѓа чим праиме искрен муабет) :) веќе ми се секојдневие на почетната страна...Истото е и со статусите.Статус на напален тинејџер: Празници се ближат,цицки ќе се лижат! ...... Цицки има видено само на омотите на порничите од татко му,и евентуално на телевизија.И покрај овие статуси 102.3% од напалените тинејџери а.к.а КАПЕТАН ХОРМОН завршуваат начукани од џусеви и се со амбалажата гушнати.Идеме понатаму.....Статус на госпоѓа Хормонка:  (Тагната некоја другарка) ууаааа срце,ќе си газиме,ово че бити добра ноч предосечам,водка и џин то је сада ИН ! .... Е сега,и покрај овие статуси,хормонките завршуваат исто така начукани,со разбушавени косишта,искинати хулахопки,и нормално СЕУШТЕ во врска со најдобрите другарки...Така иде тоа...........
00:00 !!!!  -  Ѕвонат телефони,телекомуникациските мрежи се оптеретени од друштвото на хормони до таван....Муабетот на нормален човек,кој што честита Нова Година на најблиските: Здраво,среќна нова година,се најубаво во новата година,како сте,поздравете и честитајте по дома.....Муабетот на некој од друштвото на хормони до таван: Алооооооооооооооооо,кај си беееееееееееееее....Лижеш нешто,лижеш ???? Аааааааа .... Ај среќна нова година,поише пички оваа година...Како си ? Ја браааат сум камеееен напраен,СТОМНА сум напраен браааат....Им фрлив петарди и соба брат не знаеш што се случува....Лудница....Сеа еден ме глеа попреку,сеа ќе се тепаме и така....Ај чао и нека е со помин..... ВТФ ?!  И нормално,утредента се будат кој во повраќаници,кој кај другарки дома,а некој ни не знае каде се разбудил :)  


3. ЈАС :  Поради тоа што не знам другите како ќе ја прослават Новата Година,неможам да зборам во нивно име,но знам дека некои ќе се пронајдат во ова прославување на Новата Година:)...А тоа со дечињата и тинејџерите е така,затоа што тоа е стандарт муабет...Нова Година ко секој обичен ден е за мене...Не ми претставува некој повод за да се начукам,тркалам по снегот,да му ставам петарда во џебот на другарот или било што да е ИН денес...Новата Година ќе си ја поминам со најблиските,во мирни услови,со чаша винце,кифли,салатиче и сл....Ако сте со вашата сакана особа,уште подобро,ноќта ќе ви биде многу интересна ;) 

  • 00:00 !!!! - Се јавувам на најблиските (татко,мајка,братучед,сестра,дедо,баба,тетка,вујко,и блиски пријатели) да честитам и да изразам почит,иако со потешкотии поради оптеретените мрежи :) Поради тоа што ќе бидам со саканата во друштво,ќе си честитам и со неа,гушка,бацка,кифличе,ај да наздравиме и така...Иако не сум дел од журките во дискотеките,или не знам каде,јас знам дека ќе си поминам прекрасно и знам дека ЌЕ СЕ СЕЌАВАМ на вечерта,за разлика од Друштвото на Хормони до Таван ;) 

4. Постари луѓе - Неможам да зборам за нив,затоа што не знам како ги прославуваат,повеќето одат во ресторани,имаат фамилијарни собиранки,некои се само со женичката дома и сл.Коа ќе остарам ќе пишам нешто и за тоа :) 


Ви благодарам што одвоивте време за да го прочитате ова,иако е релативно рано за новогодишната ноќ,поминете си ја убаво,во најдобро расположение,со своите најблиски...Имајте убава и пријатна Новогодишна Ноќ !

Нема коментари:

Објави коментар