![]() |
-Слика од тоа КАКО ИЗГЛЕДА КАЛЕНДАР- |
сабота, 10 декември 2011 г.
Време е некои луѓе да го погледнат календарот !
Клубските менаџери во нашево Скопје !
Пред некој ден гледав емисија на ТВ (нема да напоменам која),каде што како гости присуствуваа некои 3-4ца скопски менаџери на скопските кафичи и дискотеки и секако еден тезгаџија(што исто така нема да го напоменам) што му даваат свирки и со тоа му даваат прилика да се јача и да си замислува дека е најголем “фраер“ во нашево мало Скопје,каде што фраери НЕМА,а и да има тој епитет си го ставиле сами на себе.Да си ФРАЕР во Скопјево е многу тапа муабет(за мене)затоа што денешните фраери се луѓе со основно,кељави,напумпани(мрсни),обавезно тетоважа(по можност бодликава жица околу бицепсот),исто така МОРА да тренира нешто(кик-бокс,бокс,ММА и сл.)не е битно тоа што тој таму е вреќа за тренирање али не е битно нели?Денес “пичките“ се ложат многу на вакви т.н фраери.Не е битно,избегав од темата...Е сеа,што ме натера да ја напишам белешкава?Ме натера тоа што го слушав тоа што го збореа ропаците од клубски менаџери...Муабетот што го направи еден од тие ропаците,што најмногу ме изиритира,и што се најдов во таква ситуација да се јавам во емисија(но за тоа подоцна)беше:НИЕ НЕ ПУШТАМЕ СЕКАКВИ ЛУЃЕ ВО НАШАТА ДИСКОТЕКА,ИМАМЕ КОДЕКС НА ОБЛАКАЊЕ.Неможе некој да ми дојде со тренерки и да го пуштиме внатре.Неможе некој ако не е складно облечен,убаво среден,да го пуштиме во клубот.Зашто ваков муабет ми прави човек што верувале или не фацата му беше како да му експлодирало буренце(пиротехничко средство)пред фаца,а забите му беа како да пушел петарди,и бил зависник од истите.Беше облечен во бутик =ШУТКА ТРАНС=,и имаше 100 кила гел стаено на 2ка ишишана тимба ! Ај да беше некој среден,некој дечко што фино изгледа,и да го сватам некако...Реков,се јавив во емисија,ДА ! После неговиот муабет...ЈАС:Добро вечер,гледач од Скопје,сакам да го прашам дечкото лево од вас(пошто не му го знаев името)нешто.Ја гледам емисијава од почеток и пред малку рековте дека .....(му го спомнувам горенаведениот муабет со кодексот на облакање)....Е сеа,што ако јас ти дојдам пред влезот на твојата дискотека,облечен во тренерки,со две жени до мене,и пари во џебот ДА ТЕ КУПАМ ТЕБЕ СО СЕ ГАЌИ,И ЦЕЛА ТВОЈА ДИСКОТЕКА ??!! Дали нема да ме пуштиш да влезам ??? ... Друга работа,што ако јас НЕМАМ доволно средства за да јас се средам и облечам по вашиот кодекс на облакање ? Еве,мајка ми зима 9.000ден плата,татко ми 12.000 вкупно тоа се 21.000ден од кој повеќе од 12.000 идат за сметки,кредити...Ете сакам да искочам негде,немам доволно пари за да се облечам како што вие барате и сега нема да ме пуштите да влезам ??? Зарем тоа не е ДИСКРИМИНИРАЊЕ ?! Срамота...Ве молам да ми одговорите на моите прашања,фала,пријатно!....1мин.драмска пауза....................................јас чекам.........................................................Водителката:И да продолжиме со муабетот,и почна да ги прашува некои глупи прашања,као која песна ти ја бараат најмногу,дали имаш конкуренција и сл....Моите едноставни две прашања не беа одговорени...Зошто???Не знам ни јас....Знам само дека сум у право,и неможе некој да ме убеди дека не сум....Потоа во склоп на емисијата,екипата од камермани и водителка оди на отварање на еден клуб,и следи интервјуто на водителката со менаџерка или газдарица не знам што е: ТАА: Овој клуб е наменет за скопските ФАЦИ,за јавните ФАЦИ,ете така да го задржиме угледот на клубот,затоа што насекаде во светот го има овој клуб и така е таму,па ај и кај нас нека биде така...АЛО !!! Каде со тој памет глупа жено...Кои ФАЦИ ги има нашево Скопје ?! Несакам да ги спомнам некои луѓе што се сметаат за фаци,затоа што може да бидам погрешно сватен...Значи тотално сум разочаран од нашиве ЕЛИТНИ клубови/дискотеки.И како да искочам после во едно такво опкружување,каде што јас идам за забава,а тој излегува за да биде виден...Каде што ако искочам у широки фармерки и широк блузон,ќе бидам гледан попреку ?! НЕ,ФАЛА,И МРШ У ПИЧКУ МАТЕР
Новогодишната ноќ и нејзините различни доживувања
Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година.Римската нова година е на 1 март,а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.Новата година според Грегоријанскиот календар,кој денес е најкористен низ целиот свет,паѓа на 1 јануари,но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година....(Пробав да звучам паметно).Нова Година ко Нова Година.Формалност.Секојдневие.Обичен ден....НО секако зборам за мене...
Различните гледања и сфаќања за НОВА ГОДИНА подолу...
1. Како деца - Новата Година како мали сме ја гледале како едно несекојдневно доживување и сме ја чекале со нетрпеливост.Зошто?Се пукаат петарди,можеш да затекнеш огномет,китиш елка(и притоа се радуваш),ти доаѓаат дома роднини,пријатели и со тоа имаш прилика да им ги покажеш новите играчки,или пак да излезеш и да си играш надвор на снегот.Зашто НАЈМНОГУ се радуваш на снег,и секако на ПАКЕТЧИЊА...Да,пакетчињата се најважниот сегмент.Се радуваш на чоколадите,смоките,сокчињата,соленките,а пак ако има некоја играчка,сликовница,или пак ИГРИЦА ЗА НИНТЕНДО ти си најсреќното дете на планетава...Кога станува збор за Дедо Мраз,веруваш во него,татко ти излегува надвор (демек да земе туршија од гаража) и се пресоблака во Дедо Мраз (исто така во гаражата,барем кај мене така беше) :) Ти си седиш,и доаѓа татко ти -ДЕДО МРАЗ- и ти носи пакетче ! Дента пред тоа нели го прочитал ливчето што си го ставил под перница со желба што сакаш да ти донесе Дедо Мраз.Сеа некогаш неможе да ти се исполнат желбите зашто некои бараат ЕДНОРОГ,ФОРМУЛА,ПОНИ и сл.но нешто приближно тато ќе најде :).....
- 00:00 !!!!!!! Моментот !!!! Не од Скипи и Тајзи-Моментот него МОМЕНТОТ што е долго очекуван за невиното детенце.Ќе излезе надвор со своите родители,заедно сите во прегратка,ќе фрлат потоа неколку петарди и тоа е доволно за да на детето му долови насмевка и донесе среќа....Прекрасна глетка и чуство така ? :)
2. Тинејџери - Е тука веќе работите стануваат сериозни! Новогодишната ноќ-повод за да манијачат девојчиња од клас и повод за да останат ПОСЛЕ 12 часот...Нема трте-мрте што би се рекло на нашки...Тинејџерите и тинејџерките Новата Година ја сфаќаат МНОГУ сериозно и како МНОГУ битен настан на кој сите треба да изгледаат како принцези и принцови.Ај може ќе ги средат суратите за таа вечер ама што правиме утредента ? Принцезите се КОБИЛИ,а принцовите КОЊИ ! Не е битно,секој со својот сурат,да се навратиме на муабетот,односно да идеме нанапред со муабетот :) Нова година се слави нели колку што знам 2 дена(така се фаќа 31ви - 1ви).Епа тинејџерките Нова Година ја слават ЦЕЛ МЕСЕЦ ! Уште со завршетокот на летото,тие веќе се спремаат за Нова Година...Такви си седат на плажа,последен ден од одморот и иде муабет:Брат/пеер/ПЕР/другар/пријателе шо праиме за Нова Година ?! Дај да се договориме,неаме време ШО ОТКАЧУЕШ,уозбили се.Ќе останеме дома со нашите родители ако не се договориме уште од сега...УУУУ ЈЕЗИВО....Да славиш со твоите Нова Година???!!МА НЕДАЈ БОЖЕ пу пу ! .... Понежниот пол,госпоѓи ХОРМОНКИ се опседнати со тоа што ќе носат,и цел месец бараат облека за таа специјална вечер.Ај баталете тоа,но што правиме со СТАТУСИТЕ и ПЕСНИТЕ на фејсбук што веќе од почетокот на декември се вртат по мојата почетна страница,а верувам и на вашите...Песните од типот : ОВО ЧЕ БИТИ ДОБРА НОЧ ПРЕДОСЕЧАМ од калуѓерката Северина (чиј спот многу ми се допаѓа чим праиме искрен муабет) :) веќе ми се секојдневие на почетната страна...Истото е и со статусите.Статус на напален тинејџер: Празници се ближат,цицки ќе се лижат! ...... Цицки има видено само на омотите на порничите од татко му,и евентуално на телевизија.И покрај овие статуси 102.3% од напалените тинејџери а.к.а КАПЕТАН ХОРМОН завршуваат начукани од џусеви и се со амбалажата гушнати.Идеме понатаму.....Статус на госпоѓа Хормонка: (Тагната некоја другарка) ууаааа срце,ќе си газиме,ово че бити добра ноч предосечам,водка и џин то је сада ИН ! .... Е сега,и покрај овие статуси,хормонките завршуваат исто така начукани,со разбушавени косишта,искинати хулахопки,и нормално СЕУШТЕ во врска со најдобрите другарки...Така иде тоа...........
00:00 !!!! - Ѕвонат телефони,телекомуникациските мрежи се оптеретени од друштвото на хормони до таван....Муабетот на нормален човек,кој што честита Нова Година на најблиските: Здраво,среќна нова година,се најубаво во новата година,како сте,поздравете и честитајте по дома.....Муабетот на некој од друштвото на хормони до таван: Алооооооооооооооооо,кај си беееееееееееееее....Лижеш нешто,лижеш ???? Аааааааа .... Ај среќна нова година,поише пички оваа година...Како си ? Ја браааат сум камеееен напраен,СТОМНА сум напраен браааат....Им фрлив петарди и соба брат не знаеш што се случува....Лудница....Сеа еден ме глеа попреку,сеа ќе се тепаме и така....Ај чао и нека е со помин..... ВТФ ?! И нормално,утредента се будат кој во повраќаници,кој кај другарки дома,а некој ни не знае каде се разбудил :) 3. ЈАС : Поради тоа што не знам другите како ќе ја прослават Новата Година,неможам да зборам во нивно име,но знам дека некои ќе се пронајдат во ова прославување на Новата Година:)...А тоа со дечињата и тинејџерите е така,затоа што тоа е стандарт муабет...Нова Година ко секој обичен ден е за мене...Не ми претставува некој повод за да се начукам,тркалам по снегот,да му ставам петарда во џебот на другарот или било што да е ИН денес...Новата Година ќе си ја поминам со најблиските,во мирни услови,со чаша винце,кифли,салатиче и сл....Ако сте со вашата сакана особа,уште подобро,ноќта ќе ви биде многу интересна ;)
- 00:00 !!!! - Се јавувам на најблиските (татко,мајка,братучед,сестра,дедо,баба,тетка,вујко,и блиски пријатели) да честитам и да изразам почит,иако со потешкотии поради оптеретените мрежи :) Поради тоа што ќе бидам со саканата во друштво,ќе си честитам и со неа,гушка,бацка,кифличе,ај да наздравиме и така...Иако не сум дел од журките во дискотеките,или не знам каде,јас знам дека ќе си поминам прекрасно и знам дека ЌЕ СЕ СЕЌАВАМ на вечерта,за разлика од Друштвото на Хормони до Таван ;)
4. Постари луѓе - Неможам да зборам за нив,затоа што не знам како ги прославуваат,повеќето одат во ресторани,имаат фамилијарни собиранки,некои се само со женичката дома и сл.Коа ќе остарам ќе пишам нешто и за тоа :)
Ви благодарам што одвоивте време за да го прочитате ова,иако е релативно рано за новогодишната ноќ,поминете си ја убаво,во најдобро расположение,со своите најблиски...Имајте убава и пријатна Новогодишна Ноќ !
Претплати се на:
Објави (Atom)